Home Вебкафе Дунав денес е пократка за 134 километри од пред 200 години

Дунав денес е пократка за 134 километри од пред 200 години

Како резултат на човечките интервенции, познатата река Дунав се скратила за 134 километри во текот на изминатите два века, се тврди во извештајот од меѓународната студија за речните седименти кој беше објавен вчера.

Оваа студија, исто така, покажа дека Дунав станал потесен и до 40 проценти од средината на 19 век, соопшти Баварската агенција за заштита на животната средина.

Во извештајот се вели дека промените биле предизвикани од интервенции за израмнување на протокот на реката, но и од мерките за заштита од поплави и изградба на брани.

Поради овие човечки интервенции, седиментот веќе не може да поминува преку реката Дунав до Црното Море. Наместо тоа, тој се таложи на бреговите на реката, трајно менувајќи го нејзиниот облик.

Со своите 2.850 километри, Дунав е втора најдолга река во Европа, по руската Волга.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Летна еуфорија – Зошто летото нè прави толку среќни? Науката има одговор!

Летото. Море, сонце, смеа до доцна навечер, солена коса и топол песок под стапалата – не е…