И денес сончево и топло време


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И 13-от ден од мај во Македонија го задржува сончевото и топло време. Во западните и во северните делови од земјата ќе има појава на умерена облачност.

Ќе дува умерен, а особено во западните делови засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне од 22 до 30 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло, попладне со умерена облачност и со умерен ветер од западен и северозападен правец, кој на моменти ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 19 до 28 степени. Маврово 19, Охрид 22, Битола 27, Крива Паланка 24, Берово 25, Кавадарци 29, Дојран 30.

Продолжува периодот на значително топло време, особено од четврток, кога ќе има и извесно зголемување на облачноста, а ќе дува и умерен јужен ветер.