Дубаи со помош на струја создаде дожд за да се спаси од пеколните горештини


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дубаи е место во кое летните температури редовно знаат да бидат и над 48 степени Целзиусови, а и како место во кое без проблем со години сред пустина функционира затворен скијачки терен Со цел да се излади малку и да се спаси од пеколните жештини, Дубаи одлучи со дронови и струја да создава дожд. И местимично претера во тоа.

Метеоролошките власти на Дубаи објавија снимка на обилни дождови кои се резултат на нивната операција за создавање облаци кои би ја зголемиле влагата во блискоисточната држава.

Емиратите од 2017 имаат инвестирано 15 милиони долари во 9 различни проекти за создавање дожд. Сегашниот систем е од Универзитетот од Ридинг во Англија, и веќе неколку месеци работи на создавање на услови за да почне со врнење.

За сега системот на места работи подобро од што треба, па делови во околината на Дубаи беа поплавени како последица на вештачкиот дожд.

Една од најпофалните страни на системот е што користи струја наместо со хемикалии за создавање на дождот.