Државна финансиска поддршка за самовработување на лица со попреченост


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Со државна помош се овозможува самовработување на лицата со попреченост, а огласот е објавен во четврток.

Со мерката за самовработување на лица со попреченост, Владата дава една сериозна поддршка со цел охрабрување за нивно отпочување на бизнис, самовработување, но и вработување на останати припадници на овие целни групи, или пак лица кои не влегуваат во рамките на овие целни групи, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Агенцијата за вработување и специјалната комисија ќе ги оценуваат нивните бизнис планови и ќе се дава логистичка поддршка со цел обезбедување помош и можност за да се здобијат со средствата.

Во завиоснот од степенот на попреченост, лицата кои ќе аплицираат за оваа помош може да добијат од државата од милион до милион и пол денари. Тие може да основаат бизнис во кој ќе се вработат себеси, но и да вработат до две лица, кои може да бидат лица со попреченост, но и не мора.

Со постоење на претпријатието од девет месеци, ќе се здобијат со право да добијат помош од 20 до 40 просечни плати за развој на бизнисот.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, рече дека има доволно буџетски средства за да се исполни мерката за самовработување на лица со попреченост.

За да аплицираат за оваа мерка, лицата со попреченост ќе одат на комисија која ќе ја утврди нивната способност за работа, а ако добијат зелено светло, ќе одат на петдневна обука за претприемаштво. Потоа ќе добијат помош за изработка на бизнис план со помош на обучувачи од УНДП, а потоа ќе можат да го отворат претпријатието.