Другата страна на Мундијалот: Тиаго Силва бил пред смрт во Москва, Кутињо паднал во шахта


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на бразилската репрезентација се големи ѕвезди, но имаат интересни животни стории кои широката фудбалска јавност не ги знае.

Шпанскиот весник „Марка“ денес откри неколку навистина интересни животни приказни на фудбалерите.

Тиаго Силва
Капитенот на утрешниот меч против Костарика – Тиаго Силва се борел за живот уште пред да стане полнолетен. На 17 години тој се разболува од туберкулоза и цели шест месеци лежи во болница во Москва. Дефанзивецот тогаш беше член на Динамо Москва и четири месеци нити мајка му, нити девојката успеваат да го видат. Тој е единствен во актуелниот состав на Бразил кој игра на трето Светско првенство.

Кутињо
Големата ѕвезда на Барселона, Филипе Кутињо само чудо го спасило од смрт кога имал четири години и паднал во шахта во родниот Бразил. Тој има двајва повозрасни браќа кои веднаш повикале помош и успеале да му го спасат животот.

Каземиро
Играчот за врска првите фудбалски чекори ги прави како голман бидејќи тимот на неговиот братучед имал потреба од голман. После неколку тренинзи тренерот во него гледа квалитети на фудбалер за врска и го преместува во средниот ред. Интересно е дека неговите најблиски го нарекуваат Карлињо.

Паулињо
Играчот за врска на Барселона бил на чекор да се откаже од фудбалот уште на 17 годишна возраст. Во тоа време игра во Литванија и Полска, па не гледа смисла во фудбалот бидејќи заработува малку пари.

Миранда
Жоао Миранда е најмалиот од 11 браќа. Кога имал само 6 години починува неговиот најстар брат кој бил фудбалер (на 24 годиини). Тогаш Жоао и ветил на мајка си дека ќе стане фудбалер и дека ќе игра на Светско првенство за Бразил.