Home Актуелно Донев изрази жалење и се извини: „Ќе ги вратам парите“

Донев изрази жалење и се извини: „Ќе ги вратам парите“

Директорот на агенцијата за туризам, Александар Донев, кој во изминативе два дена ја разбранува јавноста и беше предмет на критики од јавноста поради користењето на бизнис класа на летот до Буенос Аирес, изрази жалење поради неговиот избор.

„Јас ќе ги вратам парите што се плус од економската до бизнис класа.Не знам административно тоа ако може да се среди, не знам дали е досега направено кај нас. За се има првпат. Би покрил некои од наредните трошоци од приватен буџет, ќе најдеме начин затоа што верувам дека тоа е исправна одлука“, вели Донев.

Авионската карта до Аргентина во бизнис класа била 30 отсто поскапа од онаа во економската, односно економската чинела 180 000 денари, а бизнис околу 220 000. Донев доплнително ќе одлучи на каков начин ќе ја врати разликата во средствата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…