Домашна маска за лице од две состојки: Лесно се прави, пред се со природни состојки

Домашна маска за лице од две состојки: Лесно се прави, пред се со природни состојки

Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тониците, кремите и маските за лице се незаменлив дел од рутината за убавина. Домашната маска за затегнување на кожата е лесна и едноставна за правење и можете да ја користите секој ден.

Домашната маска за лице со јајца и лимон не кошта многу, а има повеќекратни позитивни ефекти за кожата. Не е новост дека состојките од кујната можат да се користат во служба на убавината. Јајцата се први на листата, бидејќи се богати со протеини, ги стеснуваат порите, но и ја регенерираат кожата.

Јајцата можат да бидат корисни во борбата против мозолчињата поради ензимот лизозим кој го содржат, а кој делува на бактериите кои предизвикуваат акни.
Покрај тоа, тие се богати со калиум и магнезиум кои ја негуваат и хидрираат кожата, што го забавува стареењето и го прави тенот сјаен.

Друга предност на оваа храна е тоа што содржи и рибофлавин, кој е одговорен за исфрлање на токсините и слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата. Јајцата содржат и колаген и витамин А, кои се вистински сојузници на убавината.

Домашна маска за лице со белка од јајце и лимон

Изматете една белка додека не стани пенеста. Додадете сок од половина лимон, добро измешајте и нанесете ја маската на лицето и оставете ја 30 минути. После тоа, измијте ја маската со топла вода, а потоа нанесете хидратантна крема или крема против брчки.
Оваа маска делува како природно дотерување бидејќи ја затегнува кожата и малку ја подигнува. Истовремено овие две состојки во комбинација делуваат и на тој начин ја чистат кожата.