Документарен филм за кинеските Ван Гоговци – погледнете што се крие во „светската фабрика за уметност“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во доцните ’80-ти години од минатиот век, кинеското село Дафен во Шенжен, кое е дом на неколку стотици луѓе, било претворено во она што денес е познато како „светска фабрика за уметност“.

Во текот на изминатите триесетина години, производителите произведоа илјадници копии на добро познати слики од западните мајстори како Винсент Ван Гог, Леонардо Да Винчи и Едгар Дега. Во долгометражен документарец под наслов Кинески Ван Гоговци, филмаџиите прават интимен портрет на животот во Дафен.

Документарецот го следи сликарот Жао Сјаојонг, заедно со неговото семејство и пријателите, низ серија вообичаени денови на работа. Огромни ролни платно секојдневно се истоваруваат од камион, редица луѓе додаваат детали на необработените платна залепени на ѕидот, додека други слики се сушат над нивните глави. „Ние сликаме, јадеме и спиеме – сè во ова студио“, вели Жао, споделувајќи дека пред да почне да слика, никогаш немал слушнато за Ван Гог. Сега, тој го надгледува производството на стотици слики секој месец, за кои како референци се користат фотографии или мали принтови.

Извор: Окно.мк