17-годишна тинејџерка осомничена за убиство на 16-годишното момче чие тело беше пронајдено во реката Пена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тетовското Основно јавно обвинителство соопшти дека до надлежниот суд поднело барање за поведување подготвителна постапка против 17-годишна девојка, која ја товари за убиство на 16-годишното момче, чие мртво тело беше пронадено вчера во реката Пена, по 7-часовна потрага.

Според тетовското обвинителство, осомничената девојка со умисла го лишила од живот момчето од Ново Село, општина Желино.

По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче над Тетово, таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во реката Пена, стои во соопштението од обвинителството.

По документирање на случајот од страна на судија во претходна постапка во Основен суд Тетово, на малолетничката ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена и била спроведена во Казнено-поправниот затвор во Скопје за издржување на
мерката притвор.