Доктор Владимир Чадиковски официјално се префрли во Систина


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба! ↓↓↓



Единствениот лиценциран детски кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски кој до неодамна беше дел од тимот во болницата „Жан Митрев“, завчера и официјално го потпишал договорот со приватната болницата „Систина“. Од вчера Чадиковски почна со работа во оваа приватна болница. 

Чадиковски дваесетина години работеше на Универзитетската Клиника за детска хирургија, а пред околу 6 месеци, направи трансфер во приватната болница на Жан Митрев, како дел од проектот на здравствените власти за јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија.