Доказ: Во шпанската лига се игра најмалку фудбал во Европа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако фудбаласките натпревари траат по 90 минути, топката никогаш не е исто толку време на теренот.

Па така статистичарите пресметаа дека шпанската лига по тоа е најслаба во Европа. Имено, од 90 минути натпревар, на шпанските терени топката е во игра само 54 минути, далеку најмалку од петте најсилни европски лиги.

Главни фактори се големиот број на прекршоци на терените во Примера, во просек помали судиски продолженија и расправиите со судиите на што се губи многу време.

Најмногу фудбал во 2016 година виделе гледачите на серија А, цели 57 минути, а веднаш позади Италијанците се Лига 1, Бундес лигата и Премиер лигата.

Во Италија, Франција, Германија и Англија веќе со години просекот е над 54 минути, додека Шпанците дури во 2015 година стигнаа до таа бројка. Според некои податоци пред 2015 година во шпанската лига се играло фудбал само 48 минути.