Home Спорт Директорот на Баерн доби срцев удар – клупскиот доктор му го спаси животот

Директорот на Баерн доби срцев удар – клупскиот доктор му го спаси животот

Во Баерн Минхен ќе сакаат што побрзо да ги заборават изминатите денови!

Покрај тоа што не успеаа да се пласираат во финалето од Лига на шампиони, пред натпреварот против Реал Мадрид, финансискиот директор Јан-Кристиан Дресен доживеал срцев удар, пренесуваат гермнаските медиуми.

Најпрво медиумите пишуваа дека на Дресен само му се слошило, меѓутоа се испостави дека работите се полоши, па на крајот животот му го спасил клупскиот доктор Роланд Шмид.

Лакарите во мадридската болница успеале да му ја стабилизираат состојбата, а потоа овој 47-годишен службеник на Баерн бил транспортиран во Минхен и опериран.

Дресен работи во Баерн од 2013 година, а со баварскиот гигант има договор до 2023 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…