Дибала ќе го пропушти Светското првенство во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се потврдија лошите вести околу повредата на Пауло Дибала, кој сигурно ќе го пропушти Мундијалот во Катар.

Дибала се повреди синоќа против Лече при изведувањето на пеналот и почувствува болка во бутниот мускул.

Денешните лекарски прегледи покажаа дека има кинење на мускулот и дека му следи пауза од 4 фо 8 недели.

Тоа значи дека Дибала сигурно ќе го пропушти Мундијалот во Катар кој започнува следниот месец, а на терените ќе се врати во јануари кога продолжува сезоната во Серија А.