Home Спорт Мбапе дефинитивно си заминува од ПСЖ

Мбапе дефинитивно си заминува од ПСЖ

Веста дека Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сент Жермен во зимскиот преоден рок денес како „бомба“ одекна во Европа и стигнуваат потврди од еминентни медиуми.

Само неколку месеци после помпезното потпишување на нов договор Килијан Мбапе сака да го напушти Пари Сент Жермен.

Мбапе се чуствува изневерен од парижаните бидејќи му била ветена поголема слобода и да биде носител на играта при потпишување на договорот.

Ѕвездата на ПСЖ бара трансфер во јануари и веќе го известил раководството дека сака по секоја цена да си замине од клубот, а тоа го потврди и еминентниот „Паризиен“.

Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид и наводно веќе ги обновил контактите со „кралскиот“ клуб, но ПСЖ не сака да го продаде во Мадрид поради нарушените односи со Флорентино Перез.

Со оглед на фактот дека односите помеѓу двете страни се целосно нарушени, ПСЖ е спремен да го пушти Мбапе во јануари, а како друга опција се споменува Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…