Home Шоубизнис Џек Николсон ги живее своите „тажни, последни денови“

Џек Николсон ги живее своите „тажни, последни денови“

Славната актерска и холивудска ѕвезда, легендата Џек Николсон (84) се повлече од филмскиот свет во 2010 година, но публиката се надеваше дека ќе го види повторно на филм. Сепак, за жал, како што пишуваат светските медиуми, неговата здравствена состојба е многу лоша.

Николсон последен пат беше виден во јавност пред околу една година.

Гласините со години говорат, а по сѐ, изгледа дека и се потврдува, дека холивудскиот глумец боледува од потежок вид деменција.

Трикратниот оскаровец ги живее своите „тажни, последни денови“ во вила на Бевери Хилс, пренесуваат медиумите сведоштво од негов близок пријател.

„Џек и јас со години сме пријатели и тој никогаш воопшто не ја напушта својата куќа. Неговиот син и ќерка се грижат за него”, рекол пријателот за Радар онлајн.

Иако актерот има пет деца, најчесто се фотографира во друштво на ќерката Лорен и синот Рај. “Физички е добро, но психички не е најдобро. Навистина е тажно да се види како актер како Џек си заминува на овој начин”, рекол изворот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …