Девојката со водата бара 12 милиони долари заради овие фотки од „Златен глобус“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Моделот Келет Катберт за време на доделувањето на наградите „Златен глобус“ беше ангажирана за послужување и промоција на водата „Фиџи“. Но, на крајот испадна таа да бара обештетување во висина од 12 милиони долари од компанијата која ја ангажирала заради злоупотреба на фотките од настанот.

Таа се појави речиси на сите фотографии на најголемите холивудски ѕвезди и беше предмет на шеги и озборување по доделувањето на престижните награди. Речиси и да немаше ѕвезда на црвениот тепих , а во позадина да ја нема Келет.

Таа тврди дека без нејзина дозвола компанијата си направила маркетинг хит , со тоа што нејзините кукли од картон беа поставени и во супермаркети.

Затоа бара да и исплатат 12 милиони долари , колку што заработиле на промоцијата без нејзина дозвола.