Докторка сексуално злоупотребувала пациент болен од рак – остана без лекарска лиценца


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Типа Сандаралингам е канадска лекарка онколог која беше обвинета од нејзин пациент кој бил болен од рак дека една година сексуално го злупотребувала.

Онкологот Сандаралингам поради овој скандал ја изгуби докторската лиценца. Докторката една година имала односи со пациентот чие име не е откриено, кој за тоа сега им раскажал на медиумите, ја тужи и велид ека се чувствува злоставуван и скршен.

„Тешко е да се зборува за тоа зашто сум маж. Кога на некого ќе му кажам дека сум бил со докторка велат дека е добро , но јас не се чувствувам така. Беше непримерено од нејзина страна. Ме искористи во најтешките моменти на мојот живот”, вели пациентот за медиумите.

„Имаше моќ и ми кажа дека ќе престане да ме лекува ако ја откријам врската . Ми даде број и Инстаграм профил за да можеме постојано да комуницираме”, вели пациентот.

Лекарската комора по овој скандал и ја одзеде лиценцата на докторката, а дополнително ќе треба да се појави и на суд.