Девет намирници кои секогаш треба да ги имате на мени во вирусни периоди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Борбата со вирусите во критичните периоди од годината е навистина тешка и мачна, посебно за оние кои се поподложни на нивните влијанија и имаат послаб имунитет.

Тешко е да се набројат сите намирници што се корисни за целокупното здравје, но следните девет, карактеристични за нашите краишта, треба редовно да бидат на нашето мени.

1. Јогурт: содржи мноштво пробиотички бактерии, чуварите на доброто здравје. Можеби и најдобар меѓу млечните напивки е кефирот.

2. Брокула: најкорисна е за организмот ако се јаде свежа или кратко варена. Богата е со витамини Ц, А и Е и со други антиоксиданти.

3. Сончогледови семки: полни се со магнезиум, фосфор и витамини Б6 и Е. Сите тие се нужни за нормално функционирање на имуниот систем.

4. Лук: често се советува за спречување и лекување настинка. Поради неговиот карактеристичен спој на алицин, но и поради сулфурот, минералот што е по застапеност трет во нашиот организам.

5. Мед: можна намирница богата со антиоксиданти што дејствува против широк спектар бактерии, вируси и габи. Одличен е за јадење, но и за надворешна употреба. Ако можете да набавите вистински мед, секое утро добро е да изедете по едно лажиче за енергетско полнење на почетокот на денот.

6. Црвена пиперка: кога ќе настинеме, се советува да земаме повеќе витамин Ц. Но не треба да се чека болест за тоа, се смета дека одбранбениот механизам на телото ќе работи подобро ако редовно внесуваме доволно количество од овој витамин. Црвената пиперка е една од намирниците најбогати со витамин Ц, го има повеќе од цитрусното овошје.

7. Спанаќ: оваа намирница, но и целиот листен зеленчук, изобилува со антиоксиданти. Спанаќот може да го јадете и свеж во салата, но нутриционистите сепак препорачуваат малку да го зготвите. Тогаш испушта адекватно количество витамин А.

8. Цвекло: особено е популарен сокот од цвекло, вкусен е и лесно се апсорбира сѐ вредно што содржи. Изобилува со витамини Ц, Б1, Б2 и Б12. Цвеклото содржи и многу минерали, калиум, калциум, магнезиум и железо, како и бром, манган и јод. Силната црвена боја потекнува од антоцијанот, растителен пигмент што го има во боровинките и во црното грозје, а одлично дејствува на работата на срцето и крвните жили, спречува анемија и дејствува антиканцерогено.

9. Дрен: не е толку популарен, но е многу корисен за здравјето. Изобилува со танин, пектин, витамини и минерали. Плодовите се полни со витамин Ц, бета-каротин, железо, магнезиум и бакар. Ова стебло може да живее и до 200 години. Не се вели случајно „здрав како дрен“.