Home Вебкафе Дете ја „олеснило“ кредитната од мама за 8.500 евра – купило играчка на eBay

Дете ја „олеснило“ кредитната од мама за 8.500 евра – купило играчка на eBay

7-годишно дете од австралиската метропола Сиднеј, со користење на кредитната картичка на неговата мајка, купило минијатурна играчка од сајтот „eBay” за која ја „олеснило“ картичката од мама за вртоглави 10.000 австралиски долари (околу 8.500 евра).

Огромната количина на пари детето ги потрошило на ретката играчката „Golden Billy Banana” од колекцијата „Coles Stikeez”, пишува The Mirror.

Детето, кои инаку има поблага форма на аутизам, е голем обожавател на оваа ретка колекција и претходно барало дозвола од мајката да го купи реткиот предмет.

Меѓутоа, кога таа го одбила, на интернет со помош на компјутерот пронашол еден колекционерски примерок и го купило со помош на веќе снимените податоци од кредитната картичка на неговата мајка.

Дона тврди дека од „eBay” во прв момент и порачале оти инцидентот се води како „пријателска измама“ и дека најверојатно парите нема да бидат вратени на нејзината сметка.

Во повеќе наврати ја контактирала својата банка, eBay и PayPal во очајнички обид да ги врати парите. На крајот „eBay” сепак се согласил да ги врати парите на мајката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Донатела Версаче: Нова ера за модната куќа Версаче по 28 години

“`html Модната куќа Версаче започнува ново поглавје по заминувањето на Донатела Верс…