Home Шоубизнис Десетте најбогати славни личности во САД за 2018 година заедно „тежат“ 18,7 милијарди долари

Десетте најбогати славни личности во САД за 2018 година заедно „тежат“ 18,7 милијарди долари

Според листата од списанието Forbes, Џорџ Лукас, потписникот на режијата на култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ е најбогата славна личност во САД.

Богатството на Лукас сега изнесува 5,4 милијарди долари, најмногу благодарение на продажбата на неговата продукциска куќа „LukasFIlm“ на „Disney“ во 2012 година, за сума од 4,1 милијарда долари.

На второ место на листата е режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а трета е водителката Опра Винфри со 2,8 милијарди долари.

Натаму следат поранешниот кошаркар Мајкл Џордан (1,7 милијарди долари), Кајли Џенер (900 милиони долари), раперот Џеј Зи (900 милиони долари), илузионистот Дејвид Коперфилд (875 милиони долари), раперот Пи Диди (825 милиони долари), Тајгер Вудс и писателот Џејмс Патерсон (двајцата по околу 800 милиони долари).

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Милена Поповиќ и Игор Јуриќ открија нешто за што долго молчеа – лекот бил пред нивните очи

Врската на Милена Поповиќ и Игор Јуриќ е сериозна од првиот ден Врската на Милена Поповиќ …