Home Спорт Со „десетка“ во Монте Карло – Надал испиша нова историја на современиот тенис

Со „десетка“ во Монте Карло – Надал испиша нова историја на современиот тенис

Рафаел Надал ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло. Тој во два сета 6:1, 6:3 беше подобар од Алберт Рамос-Вињолас.

Шпанецот Рафаел Надал испиша историја на современиот тенис, тој во Монте Карло ја освои својата десетта титула, со што стана првиот тенисер во опен ерата, со двоцифрен број на освоени титули на еден турнир.

Надал, во Монте Карло, го одигра своето 11-то финале на турнирот, на кој има само еден пораз, пред четири години загуби од Новак Ѓоковиќ.

„Бикот од Мајорка“, го прегази Рамос-Вињолас, кој на претходните три меча, на патот до финалето, во просечно на теренот минуваше по два и пол часа.

Надал првиот сет го доби за 31 минута, а вториот за 46.минути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…