Home Шоубизнис Десет години отидоа по вода: Се разведуваат „спајсицата“ Мел Б. и Стивен Белафонте

Десет години отидоа по вода: Се разведуваат „спајсицата“ Мел Б. и Стивен Белафонте

Неколку месеци пред 10-годишнината од нивниот брак, бившата „спајсица“ Мелани Б. во понеделникот ги предаде документите со барање за развод од сопругот Стивен Белафонте.

Мелани Браун во своето барање за развод наведува дека таа и сопругот живеат одвоено од 28 декември минатата година, а пејчката минатиот месец на Инстаграм пишуваше за нивната десетгодишнина од брак.

„Минавме низ рботи кои инаку би ги разделило паровите и успеавме да излеземе посилни од сето тоа, ме сакаше и пред да сфатам како да се сакам самата себе, ти си мојот свет“, напиша Мел.

A post shared by Mel B (@officialmelb) on

Парот тајно се венча на 6 јуни, 2007 година, во Лас Вегас и ја имаат петгодишната ќерка Медисон.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …