Home Вебкафе Десерт од Прва светска војна: Вака изгледа чоколада старо 103 години

Десерт од Прва светска војна: Вака изгледа чоколада старо 103 години

Во метална кутија која датира од периодот на Првата светска војна, која беше дел од предметите кои му припаѓале на британскиот воен херој Ричард Булмор, беа пронајдени девет парчиња чоколада стари 103 години.

На англиските војници стационирани во Франција за Божик ми биле поделени метални кутии со подароци. Од металната кутија на Булмор е изедено само едно од десетте парчиња чоколада.

Кутијата со чоколада стара 103 години заедно со останатите предмети на војникот ќе биде понудена на аукција во вторник.

Меѓу останатите предмети на војникот има и подарок кутија со цигари, тутун и шкорчиња. Интересно е дека и кутијата со цигари е речиси недопрена, бидејќи недостасуваат само три цигари.

Ричард Булмор е одликуван со повеќе медали за храброст, а по завршувањето на Првата светска војна се вработува во полиција, каде кариерата ќе ја заврши со чин началник. Умира во јануари 1967 година во Лестершир.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…