Пеколот на Земјата: Кратериштево е големо колку 90 фудбалски терени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дронската снимка која беше направена на Хаваи од птичја перспектива ги прикажува штетите кои таму ги предизвика вулканот Килауеа со своите моќни и пеколни ерупции кои уништија над 80 домови од локалното население.

Околу кратерот Халемаума се чади, а тој покажува знаци дека наскоро може да се сруши.

Експертот Кајл Андерсон смета дека големо количество на камења кое е заглавено во кратерот би можело да предизвика уште поголеми експлозии.

Како што велат од Американскиот геолошки институт, експлозиите го прошириле вулканскиот кратер 10 пати во однос на неговата првобитна величина. Отворот сега е со големина од околу 485.000 квадратни метри, што е површина на околу 90 американски фудбалски терени.