Денеска почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес од 13:00 часот по Средно Европско време свечено ќе бидат отворени Зимските олимписки игри во Пекинг.

Церемонијата на отварањето ќе се одржи на стадионот „Птичје гнездо“ на кој се отвараа и летните олимписки игри во 2008 година. На оваа Олимпијада ќе учествуваат 3.000 спортисти од повеќе од 90 држави кои ќе се натпреваруваат во 109 дисциплини. Треба да се спомене и дека Пекинг станува првиот град во светот кој организарал Летни и Зимски олимписки игри.

Во Пекинг Македонија ќе биде претставувана од тројца спортисти. Дардан Дехари кој ќе се натпреварува во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари ќе биде македонскиот знаменосец. Ставре Јада ќе настапи во спринт слободно 1.5км (8 февруари) и 50 км слободно (19 февруари), додека Ана Цветановска ќе не претставува во 7.5км слободно + 7.5 км скијатлон (5 февруари) и 10 км калсично (10. Февруари).

Затвoрањето на игрите е закажано за 20. февруари.