Дембеле плаќа казна: Куќата ја остави како канта за ѓубре!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатите денови во Германија се водеше случај против фудбалерот на Барселона, Осман Дебеле.

Имено, станува збор за тужба од сопственикот на куќата во која што престојувал фудбалерот додека го носеше дресот на „милионерите“.

Сопственикот на куќата бил изненаден и вчудоневиден од нередот кој го оставил славниот фудбалер кога ја напуштал куќата при неговиот трансфер во Барселона.

Денес донесена е одлуката за овој случај, а победи тужителот и Дембеле сега ќе мора да му плати оштета од 20.000 евра.

Дембеле има можност да се жали на ваквата одлука, но германските медиуми не веруваат дека може да ја докаже неговата невиност.

„Куќата беше како канта за ѓубре. Секоја соба беше преполна со ѓувре. Кога влегов во куќата бев шокиран. Многу сум разочаран, сега ќе ја продадам куќата“, изјави сопственикот за германски „Билд“.

„Целото купатило беше во ужасна состојба, а водоинсталатерот пронајде камен во шољата, кој мораше да биде изваден со рака. Ѓубре имаше насекаде, во фрижидерот имаше расипана храна, црни кеси со ѓубре имаша насекаде“, објаснува 72-годишниот Герд Висенберг.