Дел од рекламите кои ќе се прикажат на овогодинешниот Супер Боул (снимки)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рекламните спотови, покрај спортскиот дуел, се една од главните атракции и причини поради кои многумина го гледаат спектакуларниот Супер Боул.

Во овогодинешните реклами ќе има голем број познати личности, како што се Меган Ти Сталион, Јуан Мекгрегор, Зендаја, Скарлет Јохансон, Колин Џост и Кевин Харт.

Рекламите веќе се објавени на интернет, а една од нив е реклама за Експедија во која главната улога ја има Јуан Мекгрегор, кој се присетува на неговите искуства од патувањето.

Меган Ти Сталион и Чарли Пат се ѕвезди на рекламите за познатите американски закуски Doritos и Cheetos.

Актерката Линдзи Лохан е во реклама за Planet Fitness во која го исмева својот стар начин на живот, кога правела скандали и кога папараците тргнале по нејзините стапки. Вилијам Шатнер е наратор во оваа реклама.

Сет Роген и Пол Руд се во реклама за Lay’s чипсови. Овие закуски се паметат преку сеќавања на патувањата, заедничките летови и многу други животни настани.

Енди Рихтер се појавува во рекламата Авокадо од Мексико, во која е облечен како римскиот император Цезар.

Очекувано, ѕвездата од хит тинејџерската серија Еуфорија Зендаја е во една реклама. Таа ја игра Сали, девојка која има проблем да ги продаде своите морски школки додека не се пријави за Squarespace.

По петгодишна пауза, на Супер Боул своја реклама ќе има и Тако Бел, синџир за брза храна. Нивната реклама Grande Escape ја игра пејачката Доја Кат.

Компанијата за е-трговија Ракутен го избра Казино Ројал за своја тема, а во рекламата глуми Хана Вадингам од серијата Тед Ласо.Брачната двојка Скарлет Јохансон и Колин Џост глумат во нивниот прв заеднички проект, реклама за Алекс.Идрис Елба глуми во реклама за Booking.com барајќи совет од колегите Џонатан Голдсмит и Исаја Мустафа.

Ѕвездата на „Modern Family“, Тај Бурел, глуми во реклама за Greenlight, компанија за финансиска технологија.Во рекламата на Nissan играат Јуџин Леви, Бри Ларсон, Дејвид Баутиста, Кетрин О’Хара и Данаи Гурира.Арнолд Шварценегер игра во рекламата за BMW.

Внимание привлече и рекламата за американската телекомуникациска компанија AT&T, во која главните улоги ги толкуваат поранешната сопруга на Ештон Качер, Деми Мур и Мила Кунис.

Ова се само дел од рекламите и познатите личности кои годинава ќе бидат прикажани на Суперболот, во кој Овните и Бенгалите се борат за победа.