Home Актуелно Кај три пациенти во Македонија детактиран „стелт омикрон“ подвидот на коронавирусот

Кај три пациенти во Македонија детактиран „стелт омикрон“ подвидот на коронавирусот

Три лица се заразени со новата подваријанта на омикрон позната како „стелт”. Од нив две се од Скопје, а едно од Струмица, информираа за МИА од Министерството за здравство согласно податоците од лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при Институт за јавно здравје.

Извршено е секвенционирање на 41 позитивен примерок на SARS-CoV-2 од: Скопје – 13, Тетово – 4, Гевгелија – 4, Велес – 3, Кочани – 3, Свети Николе – 3, Неготино -2, Кавадарци – 2, како и примерок од: Охрид, Струга, Куманово, Струмица, Гостивар, Валандово и Виница. Кај 35 примероци беше докажана BA.1 сублинијата на омикрон. Кај три примероци беше докажана BA.2 сублинијата на омикрон – позната уште и како „stealth” (два се од Скопје и еден од Струмица).

Во државава се уште циркулира и делта варијантата (B.1.617.2), докажана кај три примероци од кои двајца од Гевгелија, а еден од Велес. Кај два примерока е потврдено присуството на Influenza H3N2, посочуваат од Министерството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…