Home Актуелно Ново поскапување на горивата од полноќ

Ново поскапување на горивата од полноќ

Согласно најновата, денешна, одлука на Регулаторната комисија за енергетика, бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, додека цената на дизелот се зголемува за половина денар. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,6 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 84 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (ДЕ-V) за 74, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и понатаму останува 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,046 денари за килограм се намалува цената на Мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 46,491 денари.

Како причина за промена на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 3,904 отсто и кај дизелот за 2,74 отсто, како и за 1,804 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…