Декласифицирани документи: ФБИ трагале по Хитлер после неговото „наводно“ самоубиство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нови декласифицирани докуменит од Федералното Биро за Истраги откриваат дека Американците трагале по Адолф Хитлер после неговото самоубиство во фамозниот бункер во Берлин, откако добиле информации дека нацистичкиот лидер успешно пребегал во Аргентина.

Хитлер се самоуби во бункер во Берлин на 30 април, 1945 година, но и ден денес постојат шпекулации и гласини дека тој не бил вистински мртов, туку успешно избегал од Германија пред налетот на сојузничките сили и советските трупи кои го зазеле градот.

ФБИ разгледувале информации кои тврделе дека Хитлер избегал во Аргентина со помош на подморница и брод пет месеци после информацијата дека извршил самоубиство.

Декласифицираните ФБИ документи вклучуваат и неколку писма помеѓу бившиот директор на агенцијата, Џ. Едгар Хувер, и неговиот персонал. Документите датираат од 21 септември, 1945 година, неколку недели откако опсадената Јапонија е бомбардирана со двете фамозни атомски бомби од страна на американските воени сили.

Теоријата велела дека „Хитлер се криел во некое подножје на Андите“, откако таму пристигнал заедно со уште 50 нацисти, водачи и нивните семејства. Хитлер наводно „ги избрикол своите фамозни мустаќи“ и се верува дека бил во лоша здравствена состојба после пристигнувањето, страдајќи од астма и чирови, се вели во документите кои сега се откриени за јавноста.

Изворот ги известил ФБИ дека шест аргентински државници им помогнале на нацистите да се сместат во Аргентина.

Документ од 5 јуни, 1947 година, известува дека жена која се сомничела дека е партнерката од Хитлер, Ева Браун, била видена во хотелско казино. Маж со слични физички карактеристики како Адолф бил исто така виден, во друштво на постар човек за кој изворот се сомневал дека користел шминка за да изгледа постарот.

После истражување на овие информации, ФБИ биле принудени да заклучат дека „има недостаток на информации кои би ја потврдиле точноста на приказната“, како и дека „невозможно е да продолжат со обидите да го лоцираат Хитлер на база на оскудните информации со кои располагаат“.