Home Шоубизнис Де Ниро, Пачино и Пеши во новиот филм на Скорсезе: Стигна „трејлерот“ за The Irishman

Де Ниро, Пачино и Пеши во новиот филм на Скорсезе: Стигна „трејлерот“ за The Irishman

Netflix го објави првиот „трејлер“ за долгоочекуваниот нов филм на култниот режисер Мартин Скорсезе, The Irishman, во кој главните улоги ги имаат Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џо Пеши.

Режисерската легенда Скорсезе филмот го најави уште во 2010 година, кога изјави дека повторно ќе се здружи со Роберт Де Ниро за филмска адаптација на книгата од Чарлс Бренд, „I Heard You Paint Houses“. Тоа до денес уште се немаше случено, покрај другото и поради парите кои беа потребни да се вложат за дигитално да се подмладат актерите, пренесува Esquire.

Скорсезе, со помош на Netflix, конечно ја реализираше својата идеја. Френк Ширан, кој го глуми Де Ниро, ги обавува валканите работи за мафијата, и судејќи по сè, учествува во убиството на култниот синдикалец Џими Хофа, кој го глуми Ал Пачино. Низ „трејлерот“ се редат сцени од убиства кои Ширан ги извршил за мафијата.

Освен трите споменати актерски легенди – Де Ниро, Пачино и Пеши, во The Irishman ќе глумат и Боби Канвејл, Ана Пакин, Реј Романо и Џеси Племонс.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Чајна Филипс и Били Болдвин живеат одделно и отворено зборуваат за тешкотиите во бракот

По повеќе од 30 години заедно, Чајна Филипс и Били Болдвин повторно живеат во одделни домо…