Давид де Геа донесе одлука и ги израдува „црвените ѓаволи“


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Сагата околу иднината на голманот од Манчестер Јунајтед, Давид де Геа конечно ќе добие свој епилог, и тоа на голема радост на „црвените ѓаволи“.

Шпанскиот голман во неколку наврату одбиваше да потпише нов договор и бараше неделна плата од 500.000 фунти, сума која Манчестер Јунајтед не беше спремен да му ја даде.

Поради тоа силно се шпекулираше дека Де Геа ќе го напушти „Олд Трафорд“, особено поради фактот што влегува во последната година од договорот со „црвените ѓаволи“.

Меѓутоа, напорите на управата на клубот да го задржи Де Геа вродиле со плод, а еден од адутите е што клубот изминатата недела купи двајца фудбалери, Даниел Џејмс од Свонси и бекот на Кристал Палас, Ван Бисака, но му било ветенот на голманот дека тука нема да се запре со засилувањата.

Англиските медиуми тврдат дека Де Геа донел одлука да стави потпис на нов договор, според кој ќе заработува оолу 20 милиони евра годишно. Со новиот договор Шпанецот ќе се обврзе на верност со Манчестер Јунајтед до 2023 година.