Вебкафе

Дали знаете што се дигисексуалци?

Дигисексуалците се луѓе кои имаат целосно интимна љубовна врска со роботи. Овој нов вид на врска која е производ на модерното технолошко доба, оди дотаму што има луѓе кои се и во брак со роботи.

Првите луѓе кои имаат целосна интимна врска со роботи се нарекуваат дигисексуалци , а меѓу нив има и такви кои се венчаваат за своите партнери – роботи.

Кинескиот инженер за вештачка интелигенција Зенг Џијаџија е првиот кој стапи во брак со жена – робот . Иако пред законот не може да се официјализира таквата врска, Зенг направил свадба како да се жени со вистинска жена.

И инженерка од Франција позната како Лили 2016 има вереник, робот, кој самата го дизајнирала. Но , роботиката отиде и чекор понатаму.

Компанијата „Abyss Creations” од Калифорнија нуди женски секс-роботи, на кои по желба може да им се менува лицето. Основачот на компанијата Мет МекКален вели дека еден таков робот чини 12.000 долари, а освен за сексуални услуги може да се користи и за разговор.

И за таквите кои сакаат роботски секс услуги има решение. Во Европа, Канада и во Русија се отворени роботски бордели. Таквиот бордел во Москва се рекламира дека наплатува по 90 долари за половина час услуга од женскиот робот.

За социолозите ваквата понуда е само почеток, а според американските научници идните генерации нема да знаат да прават разлика меѓу животот онлајн и офлајн, а партнерите ќе ги запознаваат и со нив ќе комуницираат преку холограм.

Advertisements
To Top