Home Шоубизнис Дали оваа убавица ќе го одведе славниот заводник пред венчален олтар?

Дали оваа убавица ќе го одведе славниот заводник пред венчален олтар?

Актерот и оскаровец кој во, но и надвор од Холивуд важи за еден од најголемите заводници и најпосакувани ергени, Леонардо Ди Каприо, е познат како кршач на женски срца кој зад себе има љубовни врски со буквално најубавите и најпознати жени и манекенки на денешницата. А досега воопшто ниту размислувал (барем ништо не кажал), ниту планирал нешто поврзано со венчавка и женачка.

Но, како што пишуваат западните „мејнстрим“ медиуми, славниот актер и шармер изгледа конечно е подготвен семејно да се скраси со 21 годишната манекенка Камила Мороне.

Тие се веќе осум месеци во врска, што за Ди Каприо е најдолга врска досега. Камила и Леонардо се сродни души, велат нивните познаници за американските таблоиди. Младата манекенка е инаку ќерка на аргентинската актерка Лусила Солa, која е врсничка со Ди Каприо. Лусила, пак, е позната по врската со Ал Пачино.

Последните неколку години , пред да ја сретне Камила , Леонардо многу често ги менуваше девојките, но неговите пријатели овој пат велат дека тој е заљубен во Камила како во ниедна друга девојка претходно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Тоња Хардинг на 55 години повторно ќе настапи на мраз

Тоња Хардинг се подготвува за ревијата „Тоња и пријателите“, закажана за 12 декември во Ва…