Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американските таблоиди со холивудска адреса на големо се распишаа за наводната љубовна врска помеѓу двете холивудски ѕвезди, Бред Пит и Џенифер Лоренс.
Жолтиот печат пишува дека една од најпосакуваните актерки во моментов во Холивуд, Џенифер Лоренс, откако раскина со режисерот Дарен Аронофски, се впуштила во љубовна врска со Бред Пит. Треба да се потенцира дека приказната е прилично „лабава“ и дека ја донесуваат таблоидите, но – кој да знае?
Star Magazine оваа вест ја смести на насловна страна и тврди дека Бред со години го привлекувала Џенифер, а дека почнале и да се гледаат последниве денови.
Изворот за списанието вели дека Пит се поврзал со Лоренс преку заеднички пријател, откако тој му го дал нејзиниот број. Му било тешко да ја побара Џенифер, но го направил тоа откако го охрабрил споменатиот анонимен пријател.
Сепак, некои други таблоиди тврдат дека оваа приказна е само трач. Прашање е кому да му се верува.