Даглас Коста се извини за плукањето, но го чека жестока казна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста остави „црна дамка“ на победата на Јувентус вчера, откако ги плукна противничкиот играч.

Инцидентот се случи во четвртата минута од судиското, Даглас Коста веднаш доби црвен картон, но сега ќе следува дополнителна казна од Федерацијата.

„Им се извинувам на сите поради мојата непримерна реакција. Се извинувам на навивачите, соиграчите, на сите. Тој потег беше навистина одвратен. Ова мое однесување нема ништо заедничко со тоа што го покажував во текот на мојата кариера“, напиша Коста на неговиот Инстаграм профил.

Поради непримерното однесување, Бразилецот ќе биде казнет и од клубот, а ќе добие најмалку 3-4 натпревари суспензија од Федерацијата.