ДА ТИ НАЦРТАМ: „Ѕирни во џебот на државата“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бидејќи од се што заработуваме, околу една третина и даваме на државата, екипата на Балкон 3 одлучи да ѕирне во џебот на државата за да види што прави таа со нашите пари. Не само за ние да видиме, туку за да покажеме зошто треба секој граѓанин да следи како се троши тоа што го одвојува од својот џеб за да го полни државниот, се вели во описот од видеото објавено од Балкон3.

Ревизорските извештаи на основниот буџет покажуваат дека поголемиот дел приходи на државата се обезбедуваат од даноците што ги плаќаат луѓето. Просечен поединец ја финансира државата преку најмалку пет даноци: данок на доход, данок на добивка, ДДВ, акцизи и царини. Сето тоа или се одбива од парите што ги заработуваме или се додава во цените што ги плаќаме.

За да се види што се случува со тие пари, разгледани се трошењата на 15 институции со најголеми поединечни буџети, од кои 13 се од централната власт, една од судската власт и една од локалната самоуправа. Институциите што беа опфатени со ова истражување се: Генерален секретаријат на Владата, Служба за општи и заеднички работи, Министерство за внатрешни работи, Министерство за одбрана, Министерство за финансии, Министерство за транспорт и врски, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Фонд за здравствено осигурување, Агенција за вработување, Агенција за финансиска поддршка на земјоделството, Судски буџет и Град Скопје

Прегледани се податоците за нивното трошење за изминатите четири години, за да го опфатиме периодот на две различни влади. Во тој период тие имале објавено над 6.000 договори со приватни компании на електронскиот систем за јавни набавки. За нивното работење биле издадени 19 ревизорски извештаи. Известувањата за договорите и наодите од ревизиите ги дадоа податоците што се прикажани во анимираното видео.