Да беше жив, ќе полнеше 49 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тупак Амару Шакур, роден е како Лезан Париш Крукс на 16 јуни, 1971. Стекна планетарна слава како рап изведувач и продуцент познат по неговите уметничи имиња Тупак (или едноставно Пак) и Mакавели.

Тупак има продадено над 75 милиони албуми насекаде низ светот, што го направи еден од најпродаваните музички артисти во светот. Само во САД тој има продадено над 37.5 милиони албуми. Магазинот Roling Stoun (Rolling Stone Magazine) го именува за 86-ти најдобар артист на сите времиња.

Покрај кариерата како врвно продаван рап изведувач, тој беше и надежен глумец, како и социјален активист. Во повеќето од неговите песни се зборува за растењето помеѓу насилство и за тешкотиите во гетата, расизмот и други социјални проблеми за време на хип-хоп ривалството помеѓу Источниот Брег и Западниот Брег.

На 13 септември 1996 година, во Лас Вегас во Невада, Шакур беше застрелан 4 пати. Веднаш беше однесен во Универзитетскиот медицински центар, каде почина поради прекин на дишењето и запирање на срцето.