Home Наука и техонологија Cyrcle Phone – првиот кружен паметен телефон

Cyrcle Phone – првиот кружен паметен телефон

После отприлика пет години посветени на развој, создавачите на првиот кружен паметен телефон, ја претставија пред светот својата невообичаена иновација.

Се работи за „Cyrcle Phone“ – веројатно еден од најнеочекуваните уреди претставени на Саемот за електроника 2020, во Лас Вегас.

Првичната идеја била создавање поудобен телефон од вообичаените, кој би се вклопил во секој џеб без проблеми. Сепак, ова сè уште е само прототип, а првиот вистински кружен телефон би требало да излезе во продажба нареднава година, доколку сè оди според очекувањата.

Не се очекуваат промени во дизајнот, но она што е речиси сигурно е дека уредот ќе има два 3,5-милиметарски приклучоци за слушалки, на спротивни страни од апаратот.

Следно што треба да се направи е прилагодување на Андроид оперативниот систем со вообичаените апликации со кружниот екран.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…