Чудовиште од мобилен: „Ѕверов“ чини вртоглави 360.000 долари


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Новиот Vertu Signature Cobra Limited Edition мобилен телефон чини неверојатно високи 360.000 долари.

Декориран е со рубини и опремен е со технологија што е постара повеќе од 10 години.

Само осум вакви телефони ќе бидат произведени, а едниот од нив ќе биде продаден во Кина.

Овој телефон е рачно изработен и прекриен е со 439 рубини, кои се поставени така што потсетуваат на кобра.

За очите на кобрата се искористени два смарагди.