Чудесното дејство врз организмот на црната лимонада


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Освен што оваа лимонада е црна и со самото тоа многу поразлична од кој било друг домашен напиток, тие кои ја пијат тврдат дека е вистинско чудо за човечкиот организам, бидејќи го чисти од токсини и помага во намалување на маснотиите.

Ако ве одбива црната боја, имајте предвид дека вкусот е идентичен на вкусот на обична лимонада. Овој напиток се прави од само три состојки.

Главната состојка, таа која и се смета за „чудотворна” е активниот јаглен. Тој нема вкус, но е многу здрав, бидејќи помага нашето тело да се ослободи од штетните состојки и да се намали надуеноста. Исто така, експертите истакнуваат дека има способност да го намали нивото на холестерол и ја подмладува кожата.

Состојките за црна лимонада се:

– 4 чаши филтрирана или флаширана вода

– 1/4 филџан свеж сок од лимон

– 1/4 лажички активен јаглен (една таблета)

Помешајте ги овие состојки и по желба додадете уште лимон. Пијалакот послужете го ладен.