Home Спорт Човекот поради кој Кабиб скокна од кафезот истата вечер направил голема лудост

Човекот поради кој Кабиб скокна од кафезот истата вечер направил голема лудост

Дилон Данис е еден од тренерите на Конор Мекгрегор, а токму поради него Кабиб Нурмагомедов го прескокна кафезот после борбата со Ирецот.

Кабиб во неделата во Лас Вегас го победи Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ. Оваа борба сепак беше обележна со скандалот откако

Дагестанецот го прескокна кафезот и тргна во пресметка со тимот на ирскиот борец.

На негова мета посебно беше џиу џитцу тренерот Дило Данис кој на Кабиб му испрати навреди на верска основа.

Сега УФЦ борецот Брајан Ортега таа ноќ бил во шок кога го видел Дило во еден од ноќните клубови во Лас Вегас. Ортега најмногу го изненадило тоа што тој бил сам и сигурно лошо би поминал ако во некој случај се сретнел со тимот на Кабиб.

„Го видов во клубот и беше сосема сам. Се доближив до него и го прашав дали е нормален и зошто е сам. Се обиде да се скорие, но сите го препознаа. Тоа е навистина луд и храбар потег бидејќи многу лесно можеше да дојде до судир со тимот на Кабиб. Таа ноќ скоро сите УФЦ борци беа на тоа место. Малку ми зборуваше што се случило после борбата, забележав и модринка на неговото лице. На крајот го убедив да се врати во хотелот бидејќи не сакав да си направиме проблеми“, изјави Ортега.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…