Четврток носи разведрување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седмиот ден од мај и прв четврток за месецов, според прогнозата на УХМР, во Македонија носи генерално постепено разведрување.

Претпладне ќе преовладува променливо облачно време, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 70км/ч). Максималната температура треба да достиге до 21 степен.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Особено топло се очекува во почетокот на следната седмица, со максимални температури до 28-29 степени.