Четврто обраќање на Елизабета II до нацијата во историјата на нејзиното владеење – еве што порача кралицата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската кралица Елизабета II по само четврт пат од кога е крунисана на кралскиот престол на Велика Британија, се обрати до нацијата на земјата.

Приспособувајќи ја воената порака на актуелната ситуација, британската кралица Елизабета Втора ги увери Британците дека со „обединетост и решителност“ ќе ја победат пандемијата на коронавирусот.

Ова беше нејзино само четврто специјално обраќање до јавноста од крунисувањето во 1953, и кралицата им се заблагодари на здравствените работници, кои „несебично ги продолжуваат секојдневните обврски надвор од домовите за доброто на сите нас“.

Таа ѝ се заблагодари на британската јавност за останувањето дома и одржувањето на моралот, истакнувајќи дека „атрибутите како самодисциплината, тивкоста, позитивната решителност и сочувството сѐ уште ја карактеризираат земјата“.

Кралицата ја спореди изолацијата на современите Британци со онаа што ја преживеале децата евакуирани од Лондон во текот на Втората светска војна. Кога германските бомби паѓале врз британската престолнина во 1940, тогашната принцеза Елизабета им се обратила на евакуираните деца заедно со нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Иако кралицата истакна дека „нѐ очекуваат подобри денови“, таа рече и дека „има уште многу да се истрпи“.