Четврта во три месеци: Почина уште една млада порно ѕвезда


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Порно актерката Оливија Нова почина на 20-годишна возраст, потврдија нејзините агенти.

Причината за смртта уште не е позната, а LA Direct Models, која ја претставуваше младата ѕвезда во подем, вели дека се „шокирани од нејзината ненадејна смрт“.

„Иако Direct Models ја претставуваше кратко време, знаевме дека Оливија е прекрасна девојка со слатка насмевка и нежен карактер. Уште една, многу млада. Во шок сме и ова навистина не го очекувавме. Почивај во мир, сладок ангелу“, пишува во изјавата.

Како што пренесува Mirror, Нова почнала да се занимава со манекенство на 12 години, а филмови за возрасни почна да снима во 2017 година.

Оливија е четврта порно актерка која почина во последниве три месеци. Шајла Стајлз почина во ноември на 35-годишна возраст, 23-годишната Август Ејмс се обеси на 5 декември, а Јури Белтран (31) беше пронајдена мртва две недели подоцна.