Home Шоубизнис Четири месеци затвор за Барди заради покажување лажна возачка дозвола

Четири месеци затвор за Барди заради покажување лажна возачка дозвола

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од траење од четири месеци од судот во Валенсија поради покажување на лажна возачка дозвола затоа што немал положено.

Шпанските медиуми објавија дека Македонецот го признал делото и се покајал затоа судот ја суспендирал затворската казна и истата ја заменил со условна казна во траење од две години. Во пресудата се напоменува дека казната ќе биде извршена ако Барди во следните 730 дена направи било друго кривично дело.

Полицијата ја открила лажната возачка дозвола лани во април кога Барди бил запрен со своето Порше Панамера во северниот дел на Валенсија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…