Еве за што сè помага јаболковиот оцет


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јаболковата киселина е одличен природен додаток за во исхраната, но нејзините здравствени бенефиции не запираат само на вкусот на салатите и други јадења.

Опаѓање на косата – Доколку косата ви опаѓа, јаболковиот оцет може да ви помогне. Полн е со хранливи материи. Исто така, се покажало дека тој ја згуснува косата и ги отстранува мртвите клетки од кожата кои можат да го спречат растот на косата, а исто така помага при чешање и првут.

Астма – Доколку имате проблеми со дишењето, важно е да го користите третманот што ви го препишал вашиот лекар, но можете да го користите и јаболковиот оцет како природен лек кој може дополнително да помогне.

Кашлица- Сувата кашлица е болна и многу иритирачка. Ако барате природен лек, јаболковиот оцет може да биде корисен, без штетни хемикалии и лекови.

Дијареа – Јаболковиот оцет е одличен лек за дијареа. Има антисептично дејство, па се бори против бактериите кои предизвикуваат дијареа, а високата содржина на пектин ја ублажува иритацијата на цревата. Се препорачува да се измешаат две лажици оцет во 250 ml вода и да се пие три пати на ден.

Вртоглавица – Искуството покажало дека јаболковиот оцет може да помогне при вртоглавица, се претпоставува дека тоа се должи на влијанието на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта.

Инфекција на увото – Измешајте јаболков оцет, алкохол и вода во сооднос 1:1. Во оваа смеса натопете парче памук, ставете го во увото и оставете да отстои пет минути. Потоа извадете го памукчето и легнете така што течноста ќе излезе од увото.

Егзема- Пијте две лажици јаболков оцет три пати на ден со лажица мед во чаша вода или мешавина од половина чаша вода и една лажица јаболков оцет истријте ја кожата.

Главоболка – Се покажало дека јаболковиот оцет може да ги ублажи мигрените и главоболките поради богатата содржина со хранливи материи.

Артритис – Јаболков оцет во комбинација со мед може да се користи за лекување на артритис. Може да се нанесува на болни зглобови или да се пие како раствор три пати на ден.

Замор – Ако имате проблем со хроничен замор, тоа значи дека на вашето тело му треба внимание. Повеќето луѓе со овој проблем не спијат доволно. Измешајте шолја мед и 3 лажици јаболков оцет, а потоа земете една лажица од оваа смеса пред спиење. Ако не заспиете во рок од еден час, повторете ја постапката.

Висок крвен притисок – Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, се препорачува да пиете по две лажици јаболков оцет дневно со 250 мл вода, три до четири пати на ден.

Бубрези и мочен меур – Конзумирањето разреден јаболков оцет ќе помогне да се одржи малку кисела средина во уринарниот тракт. Ова ќе го намали растот на бактерии кои можат да предизвикаат инфекции.

Вишок килограми – Доколку сакате да ослабете, се препорачува секое утро пред оброк да пиете две лажици јаболков оцет во чаша вода, а истата смеса можете да ја направите во текот на денот и да ја пиете со оброк за да спречите прејадување и да го подобрите варењето.

Затнат нос – Јаболковиот оцет може да се користи за инхалација, со што се елиминира застојот и воспалението што можеби довеле до оваа состојба.

Белење на заби- Забите можете да ги истриете со јаболков оцет за да ги избелите или да измешате лажица оцет и чаша вода и да ги користите како средство за плакнење уста.