Home Спорт Челзи понуди 50 милиони, Наполи само се насмеа!

Челзи понуди 50 милиони, Наполи само се насмеа!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње и дека спремил понуда од 50 милиони евра.

Агентот на Инсиње, Франко дела Моника потврди дека актуелниот англиски шампион е заинтересиран и дека понудил 50 милиони евра за неговиот клиент, но Италијанецот ќе остене во Наполи.

„Би рекол дека сумата која ја наведоа англиските медиуми е премногу ниска. Инсиње е на мета на многу клубови. Меѓутоа, негов приоритет е да остане во Наполи и да биде важна фигура во тој клуб. Моментално е среќен во Наполи и сигурно ќе остане“, изјави неговиот агент.

Инсиње минатата сезона постигна 18 голови во Серија А, а менаџерот на Челзи, Антонио Конте е голем симпатизер на неговите квалитети.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…