Спорт

Челзи, Јунајтед и Ливерпул можат само да го сонуваат: Интер не ја дава својата ѕвезда!

Милански Интер нема намера ова лето да го продава Иван Перишиќ, потврди спортскиот директор Аусилио кој го коментираше интересот на премиерлигашите за Хрватот.

Перишиќ оваа сезона блеска во дресот на „нероаѕурите“, па медиумите константно пишуваат дека Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се силно заинтересирани за Хрватот.

„Перишиќ е дел од нашиот голем проект и не сакаме да ги продаваме нашите најдобри играчи. Не можеме ни да го замислиме Интер без него, а мислам дека ни Перишиќ нема намера да замине“, истакна Аусилио.

Перишиќ пристигна во Интер од Волфсбург во 2015 година за сума од 17 милиони евра и има договор со Интер до 2020 година, но поради одличните партии се очекува раководството наскоро да му понуди нов договор.

To Top