Чави веднаш се фаќа за работа во Барса – одлучен е да го реши еден од клучните проблеми во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Чави Ернандес денес и официјално ќе биде претставен како нов тренер на Барселона.

Чави веднаш ќе почне со работа, но нема да ги има на располагање сите фудбалери поради големиот број на повредени играчи и репрезентативните обврски.

Барселона од почетокот на сезоната се соочува со многу проблеми и имаше дури 15 мускулни повреди.

Чави сака да го реши тој проблем со ангажман на познатиот доктор Ричард Прун, кој цели 25 години работеше во каталонскиот клуб.

Моментално овој доктор работи во Дубаи, но клубот ќе направи се за да го врати во Барселона и да му ја исполни желбата на Чави.